Починаа уште двајца болни од ковид-19 на Инфективното одделение, соопшти Велешката болница. Пациентите биле на 64 годишна возраст и 83 годишна возраст од Велес.
Од велешката болница информираат дека во моментов, таму се хоспитализирани 25 пациенти што е за двајца пациенти помалку од вчера. 17 имаат позитивни тестови, а осум пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега.
Содржината продолжува под рекламата
На кислородна поддршка се 10 пациенти. На инфективното одделение се сместени 18 пациенти, на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат седум пациенти.
Можеби ќе ве интересира: