ФОТО: Страшна сообраќајка во центарот на Велес, тројца повредени

Страшна сообраќајна несреќа се случи вечерва околу полноќ во центарот на Велес, кај кружниот тек. Доаѓајќи од правец на мостот Гемиџии кон центар, автомобил со странски регистарски таблички, прво удрил во ротондата на кружниот тек, а потоа излетал од патот, удрил во канделабра и се превртел веднаш до споменикот на Кочо Рацин.

Zito akcija 640x289px

Во возилото кое е целосно уништено се повредени тројца, од кои двајца со итна медицинска помош се пренесени во болница, соопштија од Итната медицинска помош.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Во 23.54 е примен повик за сообраќајна незгода кај кружен тек кај Стоковна. Во едно возило заради неприлагодена брзина и подмрзнат коловоз повредени се три лица. Со возилото на Итната медицинска помош во болница се пренесени двајца патници од возилото. Едниот има скршеница на клучна коска, а другиот има повреди на лице“, рече др. Јадранка Мишкова дежурен лекар од Итната медицинска помош.

Содржината продолжува под рекламата

На терен е полицијата и пожарникари. Според непотврдени ионформации, во возилото биле петмина. Најверојатна причина за несреќата е брзото возење и подмрзнатиот коловоз.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/26162/vo-dukan-vo-veles-policzijata-pronajde-2200-parchina-pirotehnika-sopstvenikot-uapsen/