Сообраќајна несреќа во Велес, тешко повреден моторџија

Сообраќајна несреќа се случила во текот на вчерашниот ден во Велес откако се судриле патничко возило „дачиа“ и моторцикл „априлија“.

Zito akcija 640x289px

На 24.12.2021 околу 11.30 часот во Велес на крстосница од ул.„АСНОМ“ со ул.„Андон Шурков“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „дачиа“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Л.Д.(65) од Велес, и мотоцикл „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Љ.С.(45) од Велес. Љ.С. се здобил со тешки телесни повреди и укажана му е лекарска помош во Општа болница Велес. Увид на лице место извршила екипа на СВР Велес.

Agria

Инаку, синоќа околу полноќ во центарот на Велес, кај кружниот тек, се случи уште една сообраќајна несреќа. Доаѓајќи од правец на мостот Гемиџии кон центар, автомобил со странски регистарски таблички, прво удри во ротондата на кружниот тек, а потоа излета од патот, удри во канделабра и се преврте веднаш до споменикот на Кочо Рацин.

Во возилото кое е целосно уништено се повредени тројца, од кои двајца со итна медицинска помош се пренесени во болница, соопштија од Итната медицинска помош.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/26164/foto-strashna-soobrakajka-vo-czentarot-na-veles-trojcza-povredeni/