Бројот на хоспитализирани пациенти од ковид-19 во велешката болница во моментов на 27 што е за двајца пациенти повеќе од вчерашниот ден. Од нив, 16 имаат позитивни тестови, пет пациенти се сомнителни на вирусот, а шест пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега.
На кислородна поддршка се 15 пациенти. На инфективното одделение се сместени 17 пациенти, а на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат 10пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
Во последните 24 часа во велешкиот ковид центар нема ниту примени ниту испишани пациенти.
Можеби ќе ве интересира: