Времето денеска ќе биде значително облачно со повремени локални врнежи од дожд, само на повисоките планини од снег.
Претпладне во одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер, особено по должината на Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната од 6 до 12 степени.
Од утре следуваат денови на стабилно време со натпросечни дневни температури. Особено топло ќе биде за време на викендот.
Можеби ќе ве интересира: