Во текот на вчерашниот ден на територијата наСВР Велес се изречени 21 санкциja, за возење со брзина поголема од дозволената , соопшти Министерството за внатрешни работи.
Содржината продолжува под рекламата
„Вчера во периодот од 08.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Велес спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 21 возач. Од нив 14 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а седум надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци“, соопштија од МВР.
Содржината продолжува под рекламата
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од СВР Велес апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта.
Можеби ќе ве интересира: