Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 5.489 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 196, Битола – 36, Охрид – 20, Кавадарци – 18, Прилеп – 17, Струмица и Гевгелија – по 11, Велес – 9, Крива Паланка – 7, Куманово и Штип – по 6, Кичево, Неготино, Ресен, Валандово и Македонски Брод – по 4, Тетово, Кочани и Делчево – по 3, Радовиш – 2, Струга, Богданци, Демир Хисар, Демир Капија и Дојран – по 1.
Регистрирани сe 320 оздравени пациенти од:
Скопје – 175, Прилеп – 24, Битола – 19, Кавадарци – 18, Охрид – 13, Велес – 9, Гевгелија – 8, Штип – 7, Куманово – 6, Ресен, Тетово и Радовиш – по 5, Кичево и Валандово – по 4, Струмица и Кратово – по 3, Неготино и Кочани – по 2, Крива Паланка, Делчево, Демир Хисар, Свети Николе, Берово, Виница, Пробиштип и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 8 починати лица од Скопје (54г, 66г, 68г, 71г, 79г ,87г, 87г и 87г), две починати лица од Битола (67г и 72г) и по едно починато лице од Кичево (75г) и Штип (74г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.591.522 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 224.507, бројот на оздравени пациенти е 211.548, на починати е 7.953, а бројот на активни случаи изнесува 5.006.
Според епидемиолошките анализи во моментов, во Велес бројката на заразени со коронавирусот изнесува 142 лица.
Можеби ќе ве интересира: