Првото бебе во одделот за гинекологија при велешката Општа болница е родено пет после полноќ во новата 2022 година. Мајката Стефани Тасевска 23 години е од Велес, а бебето тешко е 3,320 грама и долго 51 сантиметар, и мајката и бебето се чувствуваат одлично. Тоа е прво дете на родилката.
Содржината продолжува под рекламата
Второто бебе, исто така, женско е родено во 14 минути по полоќ од мајка Мејрем Муртезани 25 години од село Горно Оризари, тешко е 4,170 грама и долго 53 сантиметри. На родилката ова и е второ дете. И мајката и бебето се чувствуваат одлично.
Содржината продолжува под рекламата
Градоначалникот Марко Колев ги посети двете новороденчиња што се родија во Новата година. На двете бебиња градоначалникот им посака добро здравје, безгрижно детство и среќен и долг живот. Истовремено им подари и пригодни подароци.
Можеби ќе ве интересира: