Огромен скок на нови заразени пациенти со коронавирусот во изминатите 24 часа, 12 лица починаа

bolnica Veles kovid
bolnica Veles kovid

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Zito akcija 640x289px

Направени се 7.483 тестирања, а регистрирани се 1.197 нови случаи на КОВИД-19:

Agria


Скопје – 766, Битола – 94, Прилеп – 56, Кавадарци – 38, Велес – 31, Охрид – 24, Гевгелија – 23, Куманово – 18, Ресен – 16, Тетово – 15, Штип и Струмица – по 12, Кочани – 11, Кичево, Неготино, Крива Паланка и Радовиш – по 10, Делчево и Валандово – по 7, Струга и Богданци – по 5, Гостивар и Свети Николе – по 4, Македонски Брод – 3, Берово, Пробиштип, Демир Хисар, Крушево, Демир Капија и Дојран – по 1.

Регистриран e 331 оздравен пациент од:

Скопје – 174, Прилеп – 30, Битола – 21, Кавадарци – 16, Охрид – 13, Штип – 12, Гевгелија и Куманово – по 9, Струмица – 8, Велес, Ресен, Крива Паланка, Радовиш и Демир Капија – по 4, Тетово, Кочани и Делчево – по 3, Неготино и Валандово – по 2, Кичево, Македонски Брод, Пробиштип, Дојран, Виница и Кратово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица:

Три починати лица од Скопје (55г, 82г и 88г) и Битола (60г, 69г и 90г), 2 лица од Охрид (68г и 79г) и по едно починато лице од Прилеп (68г), Велес (68г), Валандово (41г) и Струга (88г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.619.276 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 227.168, бројот на оздравени пациенти е 213.505, на починати е 7.996, а бројот на активни случаи изнесува 5.667.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: