Реклама

Велешанецот Тале Наковски нова ѕвезда на македонската естрада

Тале Наковски е новата ѕвезда на македонската естрада, која доаѓа од Велес. Уште од мали нозе му се раѓа љубовта кон кларинетот и кон македонската музика, љубов наследена од неговиот татко.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Низ текот на годините, преку основното училиште “Стефан Гајдов” во Велес, тој постигнува одлични резултати на државно ниво. Го продолжува неговото образование во средното музичко училиште ДМУЦ “Сергеј Михајлов” во Штип, каде постигнува врвни резултати во полето на класична музика.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Со своите 17 години, Тале Наковски “здраво гази” и на полето на народната музика, а неговиот несекојдневен талент е огромен. Доказот за вложениот труд и вежбање може да се види од неговото прво оро, наречено “Мерак оро” снимено во студио „Децибел“.

Содржината продолжува под рекламата

Во продолжение погледнете го настапот на Тале Наковски во емисијата Нови и Млади и уживајте во прекрасната изведба на “Мерак оро”.

Можеби ќе ве интересира: