Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтерoвата скала беше регистриран вчера во 22.43 часот во близина на границата на Македонија со Грција. Најсилно тресеше во Битола и околината, а потресот се почувствува низ целата земја.
Содржината продолжува под рекламата
И во текот на ноќта продолжија потресите и во Битола од серијата земјотреси со епицентар кај Лерин, во соседна Грција. Најсилниот во текот на ноќта беше со јачина од 3,2 степени, а беше регистриран во 2:32 часот.
Содржината продолжува под рекламата
Утрово нов потрес. Се случи во 7:28 часот, од истото епицентрално подрачје кај Лерин и со јачина од 3,6 степени според Рихтер.
Можеби ќе ве интересира: