Централниот комитет на владејачкиот СДСМ од чии редови е новиот мандатар за влада Димитар Ковачевски, синоќа ги прифати неговите предлози од СДСМ за новиот кабинет, по што тој ги соопшти имињата и ресорите кои ќе ги води партијата.
На чело на Министерството за одбрана ќе застане Славјанка Петровска, а министер за внатрешни останува Оливер Спасовски.
За нов министер за правда Ковачевски рече дека го предлага професорот по кривично право од Правниот факултет „Јустинијан Први“ Никола Тупанчевски. Досегашниот министер за правда Бојан Маричиќ станува вицепремиер за евроинтеграции.
Фатмир Битиќи останува вицепремиер за економски прашања. Нов министер за образование ќе биде Јетон Шаќири, досегашниот министер за информатичко општество и администрација.
Поранешната пратеничка од СДСМ Славица Грковска доаѓа на вицепремиерското место за борба против корупција, на местото на Љупчо Николовски, кој се враќа на чело на Министерството за земјоделие, откај што го дозна јавноста преку работата.
Актуелната пратеничка Бисера Костадиновска-Стојчевска од Битола е предложена за нова министерка за култура. Благој Бочварски останува министер за транспорт и врски.
Уште три нови имиња влегуваат во Владата, а тоа се на местата на Алтернатива. За здравство ќе биде Беким Сали, за информатичко општество Адмирин Алити и Џемаил Чупи без ресор, за дијаспората.
ДУИ ги задржува министрите.
Ковачевски денеска ќе го поднесе предлогот за нова влада до Собранието, по што се очекува претседателот Талат Џафери да закаже седница за нејзино гласање.
Можеби ќе ве интересира: