„Брако“ донираше медицинска опрема на детското одделение во велешката болница

Претставници на „Брако“, во име на здравствената грижа за заедницата, овој пат за најмладите пациенти, денеска, донираа медицинска опрема наменета токму за детското одделение при Општата болница во Велес, со цел обезбедување квалитетна и навремена здравствена грижа за децата-пациенти.

Содржината продолжува под рекламите

Zito akcija 640x289px

На главната сестра на детското одделение во велешката болница, Олгица Пепелашева и беа предадени за употреба 30 медицински држачи за инфузија, кои што се дел од медицинската производствена програма на „Брако“.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Сметаме дека најдобар начин да ја покажеме грижата за здравјето на заедницата е да  дадеме поддршка кога е најпотребно. Совесно и одговорно ја препознавме потребата, во интерес на најмладите пациенти, да донираме медицинска опрема која во рамки на компанијата „Брако“ се реализира во согласност со најстрогите ИСО – стандарди и  се пласира ширум светот: Шведска, Холандија, Велика Британија, Јапонија, САД, Данска, Полска. Ја предаваме оваа донација со желба за брзо и лесно оздравување на секој од пациентите во велешката болница со желба што поскоро да се вратат назад во своите домови, а децата да продолжат со своите безгрижни денови полни здравје“, изјави г-динот Огнен Анѓушев од одделот за набавки во „Брако“.

Содржината продолжува под рекламата

Вработените во болницата и особено од детското одделение во велешката здравствена установа изразија неизмерна благодарност до „Брако“ за денешната донација, како и за помошта во медицинска опрема испорачана од компанијата во изминатиот период.

„Неизмерна благодарност до ‘Брако’ за денешната донација од држачи за инфузија. Компанијата секогаш и во секое време ни излегува во пресрет кога имаме потреба од опрема која што е дел од нивната производна програма. Овие донации ни се особено потребни. Медицинската опрема која што ја добивме денеска веднаш ќе ја ставиме во употреба со цел да се погрижиме за подобро здравје на поголем број пациенти. Се надевам дека за скоро ќе ја пребродиме оваа тешка состојба предизвикана од корона пандемијата во одреден дел и благодарение на донациите од компаниите како ‘Брако’“, вели раководителката на детското одделение, Пепелашева.

Во пресрет на новогодишните празници „Брако“ донираше и медицински помагала на Центарот за лица со церебрална парализа во рамките на ОУ „Киро Глигоров“ во Скопје. И оваа година, „Брако“ продолжува да биде пријател со општествено одговорен приоритет и кон најранливите социјални категории.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: