Кај село Степанци фатени двајца наоружани прилепчани

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е received_358275808689979.jpeg

Двајца прилепчани се уапени кај село Степанци во Општина Чашка, откако полицијата кај нив пронашла оружје и муниција, кои ги поседувале без дозвола. Оружјето и муницијата се пронајдени во нивното теренско возило со кое пристигнале во близина на манастирот Свети Димитрија, соопшти полицијата.

Содржината продолжува под рекламите

Zito akcija 640x289px

„На 11.01.2022 год. од полициски службеници од Полициското одделение Чашка биле лишени од слобода М.Ѓ.(59) и  Д.Т.(36), двајцата од Прилеп. При контрола на возило „лада нива“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ., каде како сопатник бил Д.Т., извршена околу 17.00 часот на подрачјето на с.Степанци, Чашка, во близина на манастирот „Св.Димитрија“, ловочувари и полициски службеници пронашле две ловни пушки и соодветна муниција за кои двете лица не поседувале дозвола. Лицата се приведени, оружјето им е одземено и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, рече Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Областа околу селото Степанци е честа мета на крадци и разбојници. Сопственици на викендички во тој реон постојано се жалат дека куќите им се ограбуваат. На мета на дрвокрадци се и шумите во оваа област, на планината Мукос. Со години, дрвокрадци ја пустошат шумата околу Степанци. Шумските полицајци во бројни претходни случаи сведочат дека дрвокрадците, кои без исклучок се од прилепско, се агресивни и се закануваат со пиштоли, секири и ладно оружје.

Содржината продолжува под рекламата

Последниот сериозен инцидент се случи пред 16 месеци, кога дивокрадци нападнаа полициска патрола и повредија петмина полицајци.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: