Во Австралија вчера е регистрираната рекордно висока температура, откако во градот Онслоу, на западниот брег беа измерени 50,7 степени Целзиусови.
Како што јави Би-Би-Си, со ова е израмнет рекордот од 1962 година, кога во јужниот дел на Австралија биле измерени 50,7 степени.
Локалната метеоролошка служба потврди дека Онслоу го израмнил рекордот во 14:26 часот по локално време. Просечната температура во градот во овој период од годината изнесува 36,5 Целзиусови степени.
Два други града, Марди и Роборн, пред два дена така пријавија температури од над 50 степени, изјави Лук Хантингтон од Службата.
Според метеоролозите, температурите денеска дополнително ќе растат, а во наредните денови се очекува температурите малку да опаднат.
Можеби ќе ве интересира: