84 годишен велешанец и 80 годишен жител на Свети Николе ја загубија битката со коронавирусот. Тие починале на инфективното одделение на велешка болница. Бројот на хоспитализирани пациенти од ковид-19 во велешката болница во моментов изнесува 27 пациенти што е за еден пациент повеќе од вчерашниот ден.
Содржината продолжува под рекламата
Од нив, 18 имаат позитивни тестови, еден пациент е сомнителен на вирусот, а осум пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега.
Содржината продолжува под рекламата
На кислородна поддршка се шест пациенти. На инфективното одделение се сместени 22 пациенти, а на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат пет пациенти. Во последните 24 часа испишан е еден пациент, додека хоспитализирани се пет пациенти.
Можеби ќе ве интересира: