(ВИДЕО) Бугарскиот премиер на официјална посета кај македонскиот премиер Димитар Ковачевски

kovacevski petko

Со државна церемонија пред платото на Владата, претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, го пречека премиерот на Република Бугарија Кирил Петков кој пристигна во еднодневна официјалната посета на нашата земја.

Zito akcija 640x289px

Премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков ќе одржат тет-а-тет средба, на која се очекува да се дискутира за важноста од континуираната соработка меѓу двете земји и за новата поинтензивна динамика на контактите и на дијалогот којшто е од огромна важност за односите меѓу двете земји.

Agria

Во Владата одделни средби се одржуваат и меѓу заменик на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ со Кристиан Вигенин, заменик-претседател на Народното Собрание на Република Бугарија, министрите за надворешни работи на Република Северна Македонија и на Република Бугарија Бујар Османи и Теодора Генчовска, како и министрите за транспорт и врски на двете држави Благој Бочварски и Николај Сабев.

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/26881/brako-vtora-godina-po-red-kompanija-partner-vo-sproveduvaneto-na-dualnoto-struchno-obrazovanie/