Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.010 тестови, а регистрирани се 2.071 нов случај на Ковид-19 во:
Скопје – 1.047, Битола – 178, Кавадарци – 89, Куманово – 73, Тетово – 66, Гевгелија – 63, Прилеп – 47, Кочани – 42, Велес – 41, Гостивар – 39, Неготино – 37, Струмица – 33, Кичево и Ресен по 28, Охрид, Берово и Валандово по 25, Делчево – 24, Штип – 22, Струга и Радовиш по 21, Свети Николе – 14, Крушево и Демир Хисар по 11, Богданци – 10, Крива Паланка – 9, Македонска Каменица – 8, Дебар, Пробиштип, Кратово и Пехчево по 6, Виница и Македонски Брод по 3 и по двајца заразени во Демир Капија и Дојран.
Од вкупниот број на позитивни (2.071), регистрирани се 275 реинфекции.
Во текот на изминатoто деноноќие пријавени се и 9 смртни случаи:
четворица починати од Скопје (66, 70, 85 и 91 година), двајца од Велес (54 и 89 години) и по едно починато лице од Гевгелија (59), Струга (86) и Делчево (61). Пријавените се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се две починати лица од Скопје на возраст од 84 и 88 години. Едното починато лице е пријавено на 5. јануари додека второто лице на 20. месецов. Пријавените починале во домашни услови.Од вкупниот број на починати лица (11), четири лица биле целосно вакцинирани.
Во текот на последните 24 часа регистрирани сe и 1.450 оздравени пациенти од: Скопје – 702, Битола- 158, Прилеп – 116, Куманово – 55, Кавадарци – 48, Охрид – 33, Штип – 30, Велес – 28, Струмица – 27, Радовиш – 26, Валандово – 24, Гевгелија – 23, Тетово – 21, Гостивар и Кичево по 19, Ресен – 16, Кочани, Неготино и Крушево по 14, Свети Николе – 12, Берово и Пробиштип по 8, Струга и Крива Паланка по 7, Богданци – 4, Пехчево и Демир Капија по 3, Демир Хисар, Кратово, Виница и Македонски Брод по 2 и по еден оздравен од Делчево, Дебар и Дојран.
Досега во земјата се направени вкупно 1.733.866 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 252.947, бројот на оздравени пациенти е 225.056, на починати е 8.177, а бројот на активни случаи изнесува 19.714.
Можеби ќе ве интересира: