Двајца пациенти од село Мелница починаа од ковид-19 во велешка болница

Bolnica Veles Oktomvri 2021
Bolnica Veles Oktomvri 2021

Двајца пациенти од село Мелница починаа од последиците на коронавирусот во велешка болница. 86 годишна пациентка починала само три часа по приемот во болница, додека 63 годишниот пациент починал по шест часа по приемот во болницата.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Бројот на хоспитализирани пациенти од ковид-19 во велешката болница се зголемува и во моментов изнесува 50 пациенти што е за пет пациенти повеќе од вчерашниот ден. На кислородна поддршка се 22 пациенти.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од нив, 38 имаат позитивни тестови, шест пациенти се сомнителни на вирусот, а пет пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега.

Содржината продолжува под рекламата

На инфективното одделение се сместени 46 пациенти, а на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат четири пациенти. Во последните 24 часа нема испишано пациенти, а хоспитализирани се 11пациенти. Извршен е транспорт на 57 годишна пациентка на Институтот за белодробни болести во Скопје.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: