Млад велешанец се бори за живот откако попладнево падна од преку десет метри кај Маслодајна

Maslodajna 997x485
Maslodajna 997x485

Велешанец на 35-годишна возраст се бори за живот, откако попладнево паднал од висина од околу 10 метри, во близина на силосите кај Маслодајна. Несреќата се случила околу 15 часот, кога велешанецот, кој бил ангажиран на поправка на покрив, од засега непознати причини, паднал.

Zito akcija 640x289px

Веднаш по падот, на местото на несреќата била повикана екипа на итната медицинска помош, која на повредениот му укажала прва помош и го транспортирала во болница.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Итната медицинска помош прими повик за повредено лице денеска во 15:05 часот. Се работи за машка особа, родена 1986 година. Во моментот на прегледот, повредениот беше во бесознание со повеќе повреди. Згрижен е на лице место и транспортиран на хирушкото одделение во велешката болница“, изјави др. Васе Пановска Поп-Стефанова, началник на Итната медицинска помош при Здравствен дом Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Како што дознаваме, повредениот маж не бил вработен во Маслодајна, туку бил ангажиран да изведува градежни работи кај фабриката. Од велешката болница велат дека 35-годишниот маж бил реанимиран, а потоа транспортиран на хирушката клиника во Скопје.

„Момчето е донесено во многу тешка состојба, со политраума. Успеавме да го реанимираме, а потоа веднаш да го транспортираме на клиниките во Скопје“, рече др. Влатко Вишинов, хирург од велешката болница.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата, по што треба да биде познато како дошло до несреќата.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: