Полициски службеници на СВР Велес вчера во период од 14 до 17 часот, презеле вкупно 16 мерки против возачи кои не ги пропуштиле пешаците на пешачкиот премин.
Во рамки на овие активности, соопштија од МВР, биле откриени и санкционирани и 11 други видови сообраќајни прекршоци, кои биле заокружени со соодветни поднесоци.
Од СВР Велес најавија дека и во наредниот период ќе продолжи со вакви и слични активности.
Можеби ќе ве интересира: