Полициски службеници синоќа околу 21.20 часот, го привеле 40 годишниот С.Б. од Велес, кој околу 20.00 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Велес со метален предмет го нападнал 20 годишниот Д.А. од Велес, по што оштетил и патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на К.М. од Велес.
Од СВР Велес информираат дека, 40 годишниот С.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Можеби ќе ве интересира: