Работниците очекуваат позитивен одговор на предлогот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати согласно Колективен договор и Закон и регрес за годишен одмор за работниците во јавниот сектор (К-15), како од пратениците така и на утрешната средба во Владата, порачуваат од ССМ и бараат веднаш да се прифатат нивните барање.
“Во оваа ковид, економска и енергетска криза потребно е зголемување на платите, а тоа го покажува и анализата на еминентните професори која покажува дека зголемувањето на минималната плата нема негативен ефект врз фирмите и не влијае врз намалувањето на нивната профитабилност. Напротив, со растот на платите на вработените, кај нив се зголемува мотивацијата, а со тоа и продуктивноста со што не се забележуваат промени во профитабилноста на фирмите или дека за да се зголеми продуктивноста треба да се зголеми минималната плата, а со тоа ќе се зголеми и додадената вредност на фирмите, односно БДП, велат од ССМ.
Согласно аргументите, анализите и фактите, потенцираат, бараме во понеделник да се прифатат барањата на работниците кои се егзистенцијални и неопходни за да се преживее оваа криза.
Можеби ќе ве интересира: