Тимот од Чаир го победи Борец Баскет во Велес (70-76) и со тоа ја прекина победничката серија на велешани која траеше три меча. Тимот на Борец Баскет денес не разочара. Беше рамо до рамо со фаворитот на овој натпревар но на крај немаа решение за високиот Дујковиќ.
Најефикасен на натпреварот беше Петков од Борец Баскет кој заврши со 23 поени од кој три тројки. Кај гостите од Чаир најефикасен беше Џемаили со 21 поен.
Содржината продолжува под рекламата
Борец Баскет сега има скор 6-7 и се наоѓа на делбата на седмото место во Втората лига, додека Чаир 2030 останува лидер на табелата со само еден пораз. Во следното коло велешани ја пречекуваат екипата на Соколи 1933, која се наоѓа на третото место на табелата.
Можеби ќе ве интересира: