Сертификатот за прележан ковид ќе важи шест месеци

evropski sertifikat

Комисијата за заразни болести на денешната седница донела препорака траењето на сертификатот по прележан Ковид-19 место сегашните 45 дена, да трае 180 дена од датумот на ПЦР-тестот и усвоила упатства за лекување од Ковид-19 кои ќе бидат испратени до матичните лекари.

Zito akcija 640x289px

Портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ, на денешната прес-конференција рече дека засега не се размислува за укинување на ваквите сертификати. Образложи дека ако сега се укинат сертификатите за затворен простор ќе дојде до голема трансмисија на вирусот.

Agria

Мехмедовиќ додаде дека во земјите каде што сертификатите се укинати, вкупниот имунитет од вакцинација е многу поголем.

Комисијата за заразни болести повика на вакцинација и за примање на трета доза за поголема заштита. Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, објасни дека во статистиката има шестмина починати вакцинирани со три дози од вакцина за заштита од Ковид-9, но сите биле со претходни заболувања.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/27463/noviot-rast-ke-donese-novi-vrabotuvana-kompanijata-brako-ima-golemi-ochekuvana-od-2022-godina/