Од овој викенд продолжуваат натпреварите од вториот дел од сезоната во Првата ракометна лига, а до крајот на регуларниот дел на шампионатотима уште има уште пет кола после кој ќе се знаат составите кои ќе играат во плеј-офот и во плеј-аутот.
До крајот на регуларниот дел остануваат уште пет кола во кои ракометарите на Борец ќе се обидат да стигнат до петтото место што носи пласман во плеј-офот. Веќе во сабота велешани го имаат првиот предизвик на гостувањето во Скопје кај екипата на Драчево.
Содржината продолжува под рекламата
„Екипата тренира напорно. Очекувам борба до крај, до последното коло. Сеуште сме во игра за тоа петто место кое носи во плеј офот. Мислам дека со малку среќа имаме шанси да успееме да го оствариме тоа. Очекувам да имаме и поголема подршка од трибините, бидејќи публиката е наш осми играч на теренот, а ние како играчи и стручен штаб да дадеме се од себе да се пласираме во плеј офот“, изјави централниот бек на Борец Борис Ристовски.
Содржината продолжува под рекламата
До крајот на регуларниот дел од првенството велешани треба да одиграат уште со екипите на Драчево, Преспа, Работнички, Шампион и Јехона.
Можеби ќе ве интересира: