Во Основниот суд Велес започна судењето на Павлинка Илоска која се товари за кривично дело „убиство во миг” на нејзиниот невенчан сопруг А.Р.(40) од Велес. Tаа пред судијката која ја води постапката кажа дека не се чувствува виновна бидејќи делото го направила во самоодбрана.
Овој случај ја потресе јавноста и предизвика бројни реакции бидејќи, согласно ОЈО-Велес ја обвинува Илоска за кривично дело – убиство на миг. На виделина излезе дека таа била малтретирана од својот невенчан сопруг, и на кој во миг на самоодбрана таа му нанела фатална рана со нож.
Содржината продолжува под рекламата
Убиството се случи на 29 септември лани во куќата каде Иловска невенчано живеела со полицаецот А.Р., кога тој започнал кавга нарекувајки ја со погрдни зборови. Потоа таа влегла во спалната соба и легнала да спие, но тој ја фатил за пижамата и со неа ја влечел до кујната. Ја удирал со тупаници и клоци по главата и телото. силно ја фатил со раце за вратот и ја давел. Девојката го молела да ја пушти, а во еден момент од масата зела нож и го прободела директно во срцето. Убодот бил смртоносен за насилникот.
Можеби ќе ве интересира: