Државниот завод за статистика го потврди она што сите го чувствуваме на сопствената кожа – висока инфлација од дури 6,7 проценти, мерена како пораст на трошоците на живот во јануари годинава, во однос на истиот месец лани.
Во првиот месец од 2022 најголем раст има кај цените на горивата за сопствени превозни средства за 24%. Храната во однос на јануари лани поскапела за 9,2%. Од неа, лебот за 10%, зеленчукот за 14, овошјето за 11, маслата за 26%, шеќерот, чоколадите, кондиторските произвиоди за 10%. Трошоците за домување, односно струја, вода, парно се зголемиле за 7%.
Содржината продолжува под рекламата
На месечно ниво, како сооднос на трошоците за живот во јануари во однос на декември, имаме инфлација од 1,5 проценти, што покажува понатамошен тренд во поскапувањата.
Можеби ќе ве интересира: