По објавувањето на веста која ја објави Батали.нет, а која е пренесена од билтенот на СВР Велес, дека во полиција е пријавено ново сквернавење на гроб на гробиштата на црквата Св. Спас, реагираат од ЈКП Дервен. Оттаму велат дека овој случај не е нов, туку дека сопствениците на гробното место сега го забележале и пријавиле во полиција.
“Случајот не е нов, настанот се случил пред околу еден месец кога имаше пријавено дека на неколку гробни места непознати сторители ја раскопале земјата. За случајот објавен денеска на порталот Батали.нет, сопствениците на гробните места забележале месец дена откако се случил настанот и пријавиле во полиција. Во меѓувреме засилена е контролата на гробиштата од страна на чуварската служба на ЈКП Дервен и полицијата”, се вели во демантот од ЈКП Дервен.
Содржината продолжува под рекламата
Полицијата утрово објави дека добила пријава за сквернавење на гроб на гробиштата на црквата Св. Спас.
Содржината продолжува под рекламата
“На 15.02.2022 во СВР Велес, С.Д.(61) од Велес пријавила дека било извршено сквернавење на гробното место на нејзиниот сопруг на градските гробишта во црквата „Свети Спас“ во Велес. Извршен бил увид на место и се работи на расчистување на случајот”, соопшти полицијата.
Можеби ќе ве интересира: