Aктуелните правила за патување во Грција продолжени за уште две седмици

Grcka granica Bogorodica
Grcka granica Bogorodica

Европски сертификат за вакцинација, европски сертификат за прележан КОВИД-19 или негативен резултат од ПЦР/рапид тест, заедно со пополнет PLF формулар и во следните две седмици се задолжителни за влез во Грција, согласно новата министерска одлука објавена во Службен весник. Актуелните правила се непроменети и продолжени до 7 март 2022 година, а меѓу другото важат и за државјаните на Македонија.

Zito akcija 640x289px

Сертификатите за вакцинација и прележана болест, како и досега се со ограничено времетраење. За вакцинираните до девет месеци по завршувањето на имунизацијата или неограничено со примена бустер доза, а за прележаните до 180 дена по првиот позитивен тест.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Влез во Грција е дозволен за посетители од државите членки на Европската Унија и Шенген зоната и за 33-те земји кои се вклучени во системот на ЕУ за дигитален сертификат (European Union Digital Covid Certificate, EUDCC), а меѓу нив и Македонија, кои ќе треба да поседуваат европски дигитален сертификат за КОВИД-19, поврзан со вакцинација, прележана болест или негативен резултат по направен ПЦР или рапид тест.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: