Европската комисија донесе одлука со која ќе им се овозможи на земјите членки да издаваат дигитални ковид-сертификати за прележан Ковид-19 врз основа на брзи антигенски тестови.
„Од денес, новите правила им дозволуваат на земјите членки да издаваат сертификати за прележан Ковид-19 врз основа на резултати од брзи антигенски тестови“, соопшти Комисијата по усвојувањето на делегиран акт со нови правила за ковид-сертификатите.
Досега потврдите за прележан ковид можеа да се издаваат само врз основа на ПЦР-тест.
За да се осигурa веродостојноста и точноста на потврдите, употребените тестови мора да бидат на заедничката листа на ЕУ за брзи антигенски тестови, а тестирањето треба да го вршат професионални здравствени работници.
Можеби ќе ве интересира: