Руските сили истрелаа проектили врз неколку градови во Украина во четвртокот и истоварија трупи на нејзините јужни брегови, објавија украинските власти и медиуми, откако претседателот Владимир Путин одобри, како што рече, специјална воена операција на истокот, објави британската новинска агенција „Ројтерс“.
Набргу откако Путин се обрати на руската државна телевизија, во тишината пред зори можеа веќе да се слушнат експлозии во главниот град на Украина, Киев, а граѓаните рано наутро започнаа да ги напуштаат своите живеалишта.
Советот за безбедност на ОН свика итен состанок.Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг остро го осуди рускиот, како што рече, непромислен и неиспровоциран напад врз Украина и рече дека сојузниците на НАТО ќе се состанат за да ги решат последиците од агресивните дејствија на Москва.
Во меѓувреме, според советник во украинското Министерство за внатрешни работи, во регионот на Киев веќе има први жртви. Во Украина е прогласена воена состојба.
Можеби ќе ве интересира: