Ракометарите на Борец утре ќе го одиграат решавачкиот меч кој ќе одлучи дали имаат сеуште шанси за петото место во Првата ракометна лига Група А, кое води во плеј офот. Противник на велешани ќе биде скопски Работнички кој се наоѓа на четвртото место на табелатa.
„Не очекува тежок натпревар поготово кога ќе се земе во предвид дека играме на гостински терен. Работнички е екипа која покажа дека е зрела за плејоф и може да се надигрува со било кој состав.Ние сме мотивирани и спремни за овој дуел знаејќи дека со победа сме со една нога во плејофот. Позитивно размислуваме и се надевам дека во Велес ќе се вратиме со победа бидејќи не гледам фаворит на овој натпревар,очекуваме победа во Скопје“, изјави Лазар Стојанов играч на Борец.
Содржината продолжува под рекламата
До крајот на регуларниот дел ракометарите на Борец имаат уште три натпревари во кои се надеваат на победи за да го освојат последното место кое води во плејоф разигрувањето.
Можеби ќе ве интересира: