Фудбалерките на Борец освоија нови три бода во борбата за врвот на Првата женска фудбалска лига. Вчера во Велес гостуваше екипата на Топ Гол од Битола која беше совладана со резултат 1:0.
Домаќинките ја имаа иницијативата во тркот на целиот натпревар, додека гостинките беа определени за цврста одбрана и својата шанса ја гледаа во контранападите.
Содржината продолжува под рекламата
Единствениот погодок на натпреварот го постигна Елма Шемсовиќ во 22 минута од натпреваот откако вешто го лобуваше гостинскиот голман. Во наредното коло велешанки гостуваат во Македонска Каменица кај составот на Каменица Саса.
Можеби ќе ве интересира: