Петар Маниќ награден на Филмскиот фестивал во Севиља за улогата во филмот „Стела“

Младиот актер Петар Маниќ ја освои наградата за најдобар млад актер на филмскиот фестивал „Sevilla Indie Film Festival“ – SEVIFF во Шпанија. Наградата се доделува за неговиот уникатен актерски пристап за улогата на Никола, во првиот македонски филм за деца „Стела”, во режија на Стојан Вујичиќ, продуциран од „Дрим Фектори“.

Zito akcija 640x289px

Од „Дрим Фектори“соопштија дека оваа награда е петта награда по ред која што ја освојува филмот „Стела“, со што се потврдува уште еднаш квалитетот на филмот, а воедно и успехот на Македонската кинематографија во целост.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во реализацијата на овој прв и единствен македонски долгометражен филм за деца е вклучена и меѓународна екипа. Во филмот главен лик е младата шарпланинка Стела. За првпат на долгометражен филм е младиот Петар Маниќ, а во филмот играат и Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и српската актерка Христина Поповиќ, позната од филмскиот хит Парада. Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографер е Горѓи Клинчаров, костимограф на филмот е Милена Миленковиќ, монтажер е Данчо Стефков, а композитор Оливер Јосифовски од Љубојна.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: