На автопатот Штип-Миладиновци, на патарината кај светиниколското село Кадрифаково, се преврте камион. Се појавија голем број на фотографии од возачи кои транзитирале на истиот пат. На нив се гледа дека камионот удрил и се превртел помеѓу наплатните пунктови.
Според непотврдени информации нема повредени, но е причинета материјална штета како врз самата наплатна куќичка и нејзината инфраструктура, така и врз камионот и товарот.
Екипа на СВР Штип ќе изврши увид, изјавила Гордана Панајотова, портпаролка на СВР-Штип.
Можеби ќе ве интересира: