Екипата на Борец Баскет продолжи да победува во Втората лига. Тимот од Велес славеше над екипата на Струмица на домашен терен 76:66 и ја забележа деветата победа, или шеста во последните седум натпревари.
Пресуден на натпреварот беше четвртиот период, во кој Струмица постигнаа само 13 поени, а примија дури 26. Во овој квартал се активира Виларов кој постигна четири тројки и ги реши сите дилеми околу победникот.
Содржината продолжува под рекламата
Најефикасен кај домашните беше токму Виларов со 18поени, Стефан Митрев и капитенот Брчков со 16 поени, додека кај гостите се издвоија Мелов со 22 поени и Димитриев со 17 поени.
Можеби ќе ве интересира: