Реклама

Украинскиот претседател: Земјата изгуби интерес за влез во НАТО

Украинскиот претседател володимир зеленски, во интервју за американската телевизија Eј-Би-Си рече дека Украина изгуби интерес за влез во НАТО, но дека е подготвен за дијалог со Русија околу статусот на Крим и Донбас.

Zito akcija 640x289px

Алијансата се плаши од контрадикторни работи, и конфронтација со руската федерација, изјави Зеленски, додавајќи дека Украина нема да го моли НАТО на колена за ништо.

Agria

Запрашан за можноста за признавање на Крим, и само-прогласените републики во Донбас, Зеленски одговори дека постои можност, властите во Киев да разговараат и да најдат компромис, за тоа како луѓето ќе продолжат да живеат таму.

Зеленски рече дека не е подготвен за капитулација.

Можеби ќе ве интересира: