Реклама

Ракометниот клуб Борец не доби ниту еден денар од спортските ваучери

grk Borec mladinci

Нема позитивен исход на жалбата која ја поднесе Ракометниот клуб Борец  на висината на средствата на спортските ваучери кои ги доделува АМС. Борец за оваа година не доби ниту еден денар по основ на ваучер.

Zito akcija 640x289px

Клубот смета дека е направена лоша распределба на ваучерот, и дека некои клубови се привилегирани и добиле повеќе, а некои помалку. Од таму прашуваат како може младинската екипа на Борец која е актуелен вицепрвак во својта категорија, која според пропозициите носи 40 бода, да не биде рангирана, а клубови кои и воопшто немаат младински екипи да добијат ваучер.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од клубот велат дека со изоставување на Борец од листата на клубови кои добиваат спортски ваучери ја доведуваат до егзистенцијата на клубот кој во својата 72 годишна историја има и една шампионска титула и една титула во Купот на Македонија.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/28450/amsm-informira-kakva-e-sostojbata-na-drzhavnite-patishta/