Компанијата Кожувчанка донираше две нови возила за „Мој Општинар“, соопшти градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев.
Тој во своето обраќање објасни дека станува збор за возила Фоклсваген Фокс кои се донираат со цел да се овозможни поголема мобилност и достапност и полесно функционирање на самите општинари.
Градоначалникот Јанчев изрази и благодарност до вработените кои се дел од „Мој Општинар“ за нивната упорност, реализација на проекти и нивната иновативност.
Надица Настова од „Мој општинар“ се заблагодари за донацијата, која, како што рече, е од големо значење за поефикасно функционирање на терен.
„Фунционираме заедно со кол центарот. За проблемите од надлежност на Општината, граѓаните можат да се јават на телефонскиот број 13300 и ние ќе излеземе на терен“, нагласи Настова.
Можеби ќе ве интересира: