Цените на нафтените деривати денес остануваат исти

Benziska pumpa

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска донесе одлука цената на горивата да не се промени.

Zito akcija 640x289px

“Малопродажните цени на нафтените деривати не се променуваат, односно остануваат на исто ниво како што се утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги од 12.03.2022 година”, велат од РКЕ.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Со тоа денеска и утре остануваат да важат актулените цени на нафтентите деривати, односно ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 86,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98  за 88,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 88, Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 83,5 денари за литар, а Мазутот М-1 НС за 60,914 денари за килограм.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/28336/sdsm-gradonachalnikot-marko-kolev-skluchil-skandalozen-dogovor-za-privremeni-vrabotuvana/