Полициски службеници повредени во сообраќајна несреќа

Soobrakajka
Soobrakajka

Двајца полициски службеници се повредени синоќа во сообраќајна несреќа во Неготино, информираат од СВР Велес.

Според полицијата сообраќајката се случила на раскрсницата помеѓу улиците „Марксова” и „Фемо Кулаков”, на Тимјанички пат.

Agria

Во сообраќајната незгода дошло до судир помеѓу две патнички моторни возила, со неготински регистарски ознаки, „Ауди”, сопственост на Министерството за внатрешни работи, во кое патувале полициските службеници од ОВР Неготино и „мерцедес”, управуван од неготинец.

„Полицајците се здобиле со лесни телесни повреди. Бил извршен увид на лице место, од страна на припадници на неготинската полиција“, појаснуваат од СВР Велес.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: