Железници на Република Северна Македонија – Транспорт“ АД Скопје соопшти дека, денеска, со почеток од 15 часот, почнат е штрајк од страна на машиновозачите и помошник-машиновозачите во „ЖРСМ – Транспорт“ АД Скопје.
Со почетокот на штрајкот не сообраќаат сите возови во патничкиот и товарниот сообраќај.
ЖРСМ – Транспорт“ АД Скопје реагира дека штрајкот на машинскиот персонал не бил писмено најавен и е незаконски.
„Со наредното соопштение подетаљно ќе ве известиме кои возови, почнувајќи од 16.3.2022 година, не сообраќале во патничкиот и товарниот сообраќај, со име и презиме на машиновозачот и помошник-машиновозачот, а кои требало да ги опслужуваат наведените возови“, велат од „Железницици.
Преку допис до медиумите тие наведуваат дека редовно им ги исплаќаат платите и надоместоците на вработените, иако Друштвото се соочува со намалени приходи, а во исто време и зголемени трошоци во однос на користење на електричната енергија и нафтата, што енормно ги зголемува вкупните трошоци во редовното работење.
Напоменува дека „Железници на Република Северна Македонија“ на вработените им ја има во целост исплатено платата за јануари 2022 година.
Можеби ќе ве интересира: