Реклама

Борец Баскет се врати од минус 17 за 12 победа во првенството

Со фуриозна игра игра во последната четвртина која ја добија со 30:7, Борец Баскет направи голем пресврт и го доби натпреварот против Вардар со 69:63. Ова е 11 победа за велешани или осма во девет натпревари.

Zito akcija 640x289px

Натпреваророт лошо започна за домаќините, додека гостите полека ја зголемуваа предноста. Шутот никако не им одеше од рака на домаќините, а Бајрам немилосрдно го полнеше противничкиот кош. На крајот од третата четвртина резултатот гласеше 39:56. Тогаш на сцена стапи Брчков и Златев, кои со неколку тројки ја вратија во игра екипата на Борец Баскет, а гостите не успеаа да се снајдат во таа игра на домаќините за конечен пресврт од 69:63.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Најдобар кај Борец Баскет беше Владимир Брчков со 21 поен, пред Виларов со 17 поени, додека кај вардардци најдобриот играч Бајрам уфрли 18 поени. Борец Баскет по 18 одиграни кола има скор 11-7, додека Вардар останува на второто место со 12 победи и шест порази.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/28492/kazeneti-golem-broj-na-vozachi-na-avtopatot-kumanovo-skopje-veles/