Реклама

(ВИДЕО) Голеада во Велес, Борец подобар од Истатов

Фудбалерките на Борец потешко од очекувањата дојдоа до осмиот тримф во првенството. Во Велес во неизвесен и ефикасен дуел тие беа подобри од екипата на Истатов со резултат 4:3.

Zito akcija 640x289px

Велешанки први поведоа во 22 минута преку Жељана Максимовиќ, но во 43 минута гостинките го изедначија резултатот преку Чонева и на полувреме се отиде со резултат 1:1. Следуваше фуриозен дел од натпреварот во кој се постигнаа пет погодоци. Најпрво Шемсовиќ во 53 минута ја доведе екипата на Борец во водство од 2:1, за да гостинките уште еднаш брзо се вратат преку вториот гол на Чонева.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Батиниќ веќе во следниот напад во 58 минута повторно носи предност за велешанки, но одново гостинките веднаш го изедначуваат резултатот. Со вториот гол на Батиниќ во 68 минута велешанки поведоа со 4:3, а до крајот на натпреварот мржите мируваа.

Содржината продолжува под рекламата

Борец останува на петата позија со освоени 27 поени, а во следното коло гостуваат кај претендентот за титула екипата Тиверија.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/28495/borecz-basket-se-vrati-od-minus-17-za-12-pobeda-vo-prvenstvoto/