Денес се играат натпреварите од вонредното 6. коло од Третата фудбалска лига – Југ. Дербито на колото ќе се одигра во Росоман, каде истоимениот тим ќе ја пречека екипата на Превалец во борба за врвот од табелата.
Домаќинот е на врвот од табелата со 13 бодови, но има натпревар повеќе од Превалец кој со максимални 12 бодови е на второто место. Овој меч е од важност и за двете екипи во остварување на целта – бараж за Втора лига.
Содржината продолжува под рекламата
На останатите натпревари се среќаваат: Питу Гули – Големо Коњари, Црнилиште – Динамо, Младост – Слога, Обршани – Бучин, Марена – Вардар, а екипата на Возарци е слободна ова коло.
Можеби ќе ве интересира: