Македонскиот национален тим за првпат во својата историја ќе учествува во бараж за Светско фудбалско првенство. Избраниците на селекторот Благоја Милевски во полуфиналето од плејофот ќе играат со Италија на гостински терен. Домаќинот кој е актуелен европски првак е голем фаворит, но „црвено-жолтите“ најавија бескомпромисна борба за секоја топка.
Натпреварот ќе се игра во Палермо вечер со почеток во 20 часот и 45 минути. На трибините на стадионот „Ренцо Барбера“ најавено е присуство на околу 2.000 Македонци.
Содржината продолжува под рекламата
Победникот од овој меч во финалето ќе оди на гости кај поуспешниот од пресметката Португалија – Турција.
Можеби ќе ве интересира: