Со дуелот во Охрид помеѓу екипите на Охрид и Партизан Водно Санс ќе биде отворено 19 коло од Втората кошаркарска лига.
Кошаркарите на Борец Баскет гостуваат во Струга кај екипата на Црн Дрим која се наоѓа на 10 позиција и грчевито ќе се бори за опстанок во лигата. Велешани пак имаат можност да ја продолжат победничката серија и со тоа да обезбедат подобар пласман на табелата пред плеј оф разигрувањето.
Содржината продолжува под рекламата
Натпреварот ќе се одигра во недела со почеток од 14 часот, а судии на натпреварот ќе бидат, Лалков, Огненов и Мелов.
Можеби ќе ве интересира: