Притвор за осомничен за тешки кражби во Велес

policija lisici
policija lisici

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 20-годишен велешанец против кого се поднесени три кривични пријави за кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

Zito akcija 640x289px

Во временскиот период од 10 јануари до 11 април годинава, осомничениот, со совладување препреки, влегол во три куќи во Велес и одзел поголем број подвижни предмети со намера истите противправно да ги присвои.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Бидејќи се работи за лице кое нема постојано место на живеење и се јавува како чест сторител на кривични дела против имотот, па постои опасност доколку се брани од слобода да се даде во бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основен суд Велес поднесе предлог за определување притвор против осомничениот. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 8 дена.​

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: