Реклама

Минов со гол во последна секунда донесе победа за Борец

Со голот на Минов од пенал во последната секунда од натпреварот, ракометарите на Борец забележаа победа во Кичево со резултат 32:31.

Zito akcija 640x289px

Целиот натпревар помина во тврда и изедначена борба од обете страни. Се до средината на првиот дел ниту една од екипите немаше направено поголема предност од еден гол разлика. За првпат со два разлика поведоа велешани со 8:10, а на полувреме се замина со нерешен резултат 14:14. Истата игра во која ниту една екипа не можеше да се „одлепи“ продолжи и во второто полувреме.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во неизвесна завршница ракометарите на Борец беа поснаодливи, па со гол од пенал на Минов во последната секунда велешани се враќаат со цел плен од Кичево.

Содржината продолжува под рекламата

Најефикасен во редовите на Борец беше Димитар Минов со 12 гола, а одлична поддршка му беше и Лазар Стојанов кој постигна осум. Во редовите на домаќините Мојсие Тасески постигна седум гола, а Смилески Кристијан и Миричевски Александар по шест.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/29246/foto-galerija-mizerija-vo-stariot-veleshki-teatar/